До каде оди совеста на луѓето: Се гостат и уживаат во чистиот воздух на Водно, а после зад себе ја оставаат својата некултура и себичност

Кога воздухот во Скопје е загаден во зима, а температурите во лето се неподносливи скопјани го користат најблиското место каде што набрзина може да се освежат, а каде на друго место ако тоа не Водно толку извикано и толку повтоно и повторно уништувано.

Профитерите безмилосно го кастрат и уништуваат зеленилото заменувајќи го со бетон. Диви депонии насегде и на крај настапуваат викендашите.

Со понекој сендвичи и пијачка во рака се гостат и уживаат во чистиот воздух, а зад себе оставајќи ја сета своја некултура и себичност.

Вака помина и последниот викенд, а фотоапартите на Вечер,  регистрираа само ѓубре откако “рефрешираните” викендаши си заминаа по дома. Прашањето е само кој очекуваат да им го собере ѓубрето и некултурата по нив!?