До докторот кој рече дека никогаш нема да имам дете!

Седев гола на столицата за преглед, на себе имав само хартиена наметка, со тенок слој на тоалетна хартија под мене, за да ја собере крвта која течеше заради мојот спонтан абортус.

Се завиткував со хартиената наметка, сакајќи да покажам достоинство, иако бев свесна дека тоа истече од мене, побрзо од крвта од спонтаниот абортус. И не постоеше ништо на светот што ќе го запре истекувањето на достоинството.

“Три до пет проценти”, рече. Ова беа предвидувањата кои ми ги даде за износување на бременоста до крај и носење на свет живо и здраво дете. Ги поткрепи своите предвидувања, со мојата фактичка ситуација: имав 41 година и го доживував својот трет спонтан абортус во текот на 18 години, никогаш не сум имала бременост износена до крај и тоа што имав утерини фиброиди.

Ти не ме познаваше. Ме немаше видено никогаш, пред тој ден. Дојдов два пари на гинеколошки  преглед. Првиот пат имаше биење на срцето на бебето и ми кажа дека 90% се ќе биде ОК. Два дена подоцна, срцето на бебето престана на чука.

Веќе беше предоцна. Седејќи на твојата столица за преглед, крварејќи толку силно што хартијата остана залепена за столицата, кога конечно собрав сила и станав за да се облечам, ти ги искористи овие факти против мене. Не беше тоа злобно, о не. Тоа беше професионално! Ладно. Не видов сочувство во твоите очи. Всушност не ми се гледаше пред очи.

Не помнам се’ што рече. Зборуваше дека треба да се оперирам за да ги отстранам утерините фиброиди. Те прашав дали може да се зголеми можноста да ја износам бременоста до крај. Само се насмеа иронично: “На твоја возраст? Кој може да го гарантира тоа? Можеби има шанси, но се многу мали”. Рече дека сакаш да ги провериш моите резерви на јајце клетки. До ден денешен не знам што е инволвирано во таа процедура, бидејќи се исклучив. Не можев да слушам повеќе. Сакав само да заминеш за да се облечам  и да си одам дома.

Ми закажа уште еден преглед, на твое барање, на кој не дојдов. Се облеков, излегов од ординацијата и не се скршив се додека не влегов во мојот автомобил. Три до пет проценти. Ги знаев веќе овие бројки, ги имав прочитано во повеќе статии на интернет, отколку што можев да замислам. Ти ме гледаше како статистика, како бројка, како жена во поодминати години, која само ја поткрепува теоријата  за неможноста да се стане мајка на тие години. Ти виде некој на кој му треба операција, тестови и тешка шлаканица на реалноста.

Погледнав во огледалото и видов очајна жена со полни очи солзи, која очајно сака дете. Но видов и жена која нема да се предаде. Не се уште…