До девојката која беше оставена без збор и без збогување...

Драга девојко,

Сите сме поминале низ тоа. Моментално ти се вртат милион прашања низ глава: „Зарем не сум доволна?“, „Што е проблемот со мене?“, „Што направив?“, итн. Ова се само дел од прашањата кои во моментот те мачат. 

Сакаш да зборуваш со човекот кој само така си замина, без збогум, без објаснување. Сакам да знаеш зошто. 

Но, веројатноста е дека никогаш нема да ти ја каже директната причина, затоа што и самиот не знае. Не барај да се врати во твојот живот. Едноставно тој нема храброст да се бори со тебе и сака нешто полесно, нешто што нема да биде толкав предизвик, затоа што вистинската љубов бара посветеност и искреност. Овој тип на мажи се супер кога станува збор за слатки зборови и додворување, но не и за дела. 

Дефинитивно заслужуваш подобро. Заслужуваш некој кој ќе се однесува убаво со тебе. Заслужуваш некој кој нема само да флертува со тебе, туку кој ќе ти придаде важност.

Да, боли. Многу боли. Срцето ти е сигурно скршено на милион парченца. 

Но, верувај дека е само привремено. Иако можеби никогаш нема да ти стане сосема сеедно, болката со текот на времето ќе избледи, а ти ќе најдеш некој кој ќе ти покаже што е тоа љубов!

Глава горе, девојко! Ти можеш сѐ!