До денеска 2.680 здравствени работници се вакцинирале против коронавирусот – колку граѓани се пријавиле за вакцинација?

Вакцина против Ковид-19 до денеска до 13:30 часот примиле 2680 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација досега се пријавиле 71900 граѓани, а 46414 преку матичен лекар. Од вкупно пријавените 118314 граѓани за вакцинација, 56784 граѓани се на возраст над 70 години, посочија од Министерството за здравство. (МИА)