До 17 часот Тетово со 24,46 отсто, Желино и понатаму бележи најмала излезност

Општина Јегуновце има најголем процент на излезеност меѓу граѓаните во рамките на поширокиот тетовски регион до 17 часот на денот за избор на претседател на државата.

Општинската изборна комисија соопшти дека гласале 28,06 отсто од 10.171 граѓанин со право на глас. Следува општина Тетово со 24, 46 проценти или 20.395 граѓани од вкупниот број од 83.367.

И понатаму во Желино има најмалку луѓе кои излегле да гласаат – 13,62 отсто од запишаните 23.510 гласачи. Во Боговиње гласале 15,11 проценти или 4.155 жители, додека во Брвеница 26,12 отсто.

Општинска изборна комисија во Теарце бележи 20 проценти излезност до 17 часот.