
Сообраќајната полиција, како членка на европската асоцијација се приклучува во кампањата за зголемена безбедност на автобуси и товарни возила која ќе се спроведува од 9 до 15 февруари.
- Фокус ставаме на безбедноста во сообраќајот и заштитата на сите учесници во сообраќајот. Контролите ќе бидат насочени кон оваа категорија на учесници во сообраќајот и тоа на:
-техничката исправност на автобусите и товарните возила,
-почитување на законските услови за превоз на деца,
-проверки на возачите пред организирани училишни, образовни и рекреативни патувања, информираат од МВР.

Дополнително, засилените контроли ќе ги опфатат и сите учесници во сообраќајот, со акцент на: пречекорување на дозволената брзина, возење под дејство на алкохол или психоактивни супстанци, користење на безбедносен појас, правилен и безбеден превоз и други прекршоци.
- Потсетуваме дека сообраќајните правила не се препорака — тие се тука за да спасуваат животи, потсетуваат од МВР.