Од 31 јули до 02. август на стадионот Билјанини Извори во Охрид големиот национален празник Илинден ќе се прослави со повеќе од 100 македонски музички артисти.
„АЛАРМ фест“ е фестивал со цел да ги исполни желбите на сите возрасти и вкусови. За оваа година го направи следниот избор на артисти: 31.07 – Галоски, Слаткаристика, ЛД Пистолеро & Гоце Саф feat. Ронин, Donplaya & Bon Praskiza & Prince$$ Donatsu и Пајак! 01.08 – Ареа, Суперхикс, Бени и Нон Стоп, ДНК и Ris Flower! 02.08 фестивалот, празнично ќе биде затворен со настап на нашите легенди ЛЕБ и СОЛ!, соопштија организаторите, најавуваат организароите.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре преку продажната мрежа, како и онлајн на www.kupikartizase.com .