ДНК со голем јубилеен концерт наскоро во Скопје

Голем јубилеен концерт на популарното музичко дуо „ДНК“ кое го сочинуваат Панчо и Андреј. 

По повод две децении ДНК на македонската музичка сцена, голем концерт на 3. декември во салата „Борис Трајковски“. 

Концертот ќе значи заокружување на едно убаво и големо поглавје во кариерата на дуото, но и одбележување на постоењето на домашната музичка сцена на Панчо и Андреј.

Билетите за претстојната музичка дружба веќе се пуштени во продажба, по цена од 350 до 1000 денари.