Дневен хороскоп за 4 јули

Биковите се соочуваат со хаос во мислите, Близнаците се заљубени во Биковите, Лавовите се поставуваат лидерски, а Вагите се лошо расположени.

Прочитајте што ни носи хороскопот за денешниот ден.

Овен

Работа – Доколку се занимавате со приватен бизнис, морате да бидете подготвени на поголем финансиски предизвик кој ќе се исплати по некое време. Помошта од страна на соработниците е нешто на што можете да сметате во голема мера.  

Љубов – Оние кои се во врска ќе бидат отворени кон партнерот и добро расположени. Сепак, потрудете се да го спуштите егото.   

Здравје – Внимавајте во сообраќајот.   

Бик

Работа – Во мислите имате хаос и не сакате да пропуштите нешто што е многу важно. На соработниците им е потребен одмор и не се многу расположени да ви помогнат.

Љубов – Супер ви оди во љубовта. Во топ форма сте и немате тешкотии како што имавте во последно време.   

Здравје – Проблеми со грлото.

Близнаци

Работа – Некој ви нуди соработка, а вие не се поставувате отворено. Бидете директни и отворени во однос на тоа што го сакате.  

Љубов – Заљубени сте во еден Бик, но некако како да сте резервирани однос на тоа. Планетите ве поддржуваат во вашите намери.  

Здравје – Психички проблеми.   

Рак

Работа – Имате одлично решение за работните проблеми, но имате и ривали кои не го сакаат вашиот успех. Ќе морате одреден период да се прилагодите на ситуацијата на работа.  

Љубов – Вашата чувствителност е нешто што вообичаено ви создава проблеми, но овој пат имате мотив да застанете силно позади тоа во што верувате.    

Здравје – Стомачни проблеми.   

Лав

Работа – Ако се занимавате со приватен бизнис, не заборавајте на време да донесете вистински одлуки. Вашето водење на бизнисот ви дава можност да го водите бизнисот како што вие сакате.

Љубов – Не мислите дека вашата сакана личност заслужува повеќе од она што и го давате. Морате да бидете подготвени на поголем компромис.   

Здравје – Стрес.   

Девица

Работа – Со некои работи доцните, бидејќи досега немавте енергија, но денешниот ден ви дава можност да завршите се.   

Љубов – Не се плашете од осаменоста, најдете начин да бидете сами, да размислите и да се одморите.

Здравје – Внимавајте на исхраната.   

Вага

Работа – Ако сте лошо расположени, нема потреба да стоите на страна на работа. Соберете енергија и завршете го тоа што е неопходно, пред да одите на одмор.   

Љубов – Признајте си себеси дека не сте совршени и признајте ги грешките кои ги правите.   

Здравје – Проблеми со штитната жлезда.   

Шкорпија

Работа – Не очајувајте поради изгубеното време. Имате време за се, фокусирајте се.

Љубов – Не сакате да се мешате во туѓи врски, но денес некој ќе се замеша во вашата. Бидете отворени за совет.

Здравје – Немате проблеми.   

Стрелец

Работа – Немате намера да се занимавате со многу работа денеска и тоа ќе ве направи летаргични. Не се плашете да го кажете тоа што го мислите на работа.   

Љубов – Партнерот е на ваша страна, но вие не го разбирате тоа. Морате да бидете отворени за подобра комуникација.   

Здравје – Опуштете се.  

Јарец

Работа – Кариерата која ја бркате некое време, ви станува најголема сатисфакција во животот. Потрудете  се да се опуштите.  

Љубов – Бидете отворени кон некој од пријателите кои е присутен во вашиот емоционален сегмент. Ви следи пријатно изненадување.

Здравје – Имате проблеми со циркулацијата.   

Водолија

Работа – Долго време сте под стрес на работа. Најдете простор и можност да се релаксирате.

Љубов –Немате намера да се повлечете од емоционалната игра, но таа исто така и ве истоштува. Бидете внимателни.  

Здравје – Стрес.   

Риби

Работа – Ако сте како оние Риби кои не ги држи место во оваа држава, овие денови ви се отвора можност да си заминете.

Љубов – Можни се проблеми во бракот, но тоа брзо ќе помине.   

Здравје – Покачен крвен притисок.