Дневен хороскоп за 23 октомври

Овните се на професионална раскрсница, Раковите се незадоволни од работата, Девиците ќе започнат сериозна врска.

Прочитајте го хороскопот за 23 октомври.

Овен

Моментално сте на професионална раскрсница и морате да донесете одлуки кои ќе имаат долгорочно влијание на вашата кариера.

Ново познанство ви доаѓа во животот. Подгответе се да ги покажете своите искрени чувства.

Можна е вкочанетост во грбот.

Бик

Ви треба малку повеќе време за да ги остварите своите планови. Бидете трпеливи и ќе успеете.

Можно е да сте направиле погрешна проценка во однос на вашата љубовна ситуација.

Избегнувајте алкохол.

Близнаци

Загрижени сте за финансиите и сметате дека нема долго да издржите на овој начин како досега.

Ви се допаѓа една личност која не ви ги возвраќа истите љубовни сигнали. Се прашувате како да го привлечете нејзиното внимание.  

Потребен ви е одмор.

Рак

Не сте задоволни со своето окружување и ви делува дека е дојдено време за промена на работното место.

Ако сте во брак, со саканата личност нема да имате најдобар однос денеска.

Кожата ви е чувствителна.

Лав

Не ви е лесно да ги завршите обврските кои се пред вас. Генерално ви оди многу бавно.

Ви се допаѓа личност која сте ја сретнале во кругот на заеднички пријатели.

Желудникот ви е осетлив.

Девица

Бидете внимателни за новите одлуки кои треба да ги донесете. Можно е да направите грешка.

Интересен ден за нови познанства и флерт. Можете да завршите во сериозна врска со еден Јарец.

Ви се препорачува физичка активност.

Вага

Ако не се посветите на своите работни обврски, можно е да ве очекуваат казни.

Партнерот ви е верен и на некој начин бара доказ од вас дека и вие сте на истото.

Можна е настинка.

Шкорпија

Неопходно е да поработите на комуникацијата со надредените бидејќи во спротивно можете да дојдете до поголеми проблеми.

Можно е да ви пречи тоа што саканата личност не поминува доволно време со вас.

Би ви годела масажа и опуштање.

Стрелец

Не сте сигурни на која страна да тргнете. Работните промени кои доаѓаат се неизбежни.

Постојат мали проблеми во комуникацијата со саканата личност. Подготвени сте за компромиси и нови решенија.

Потребно е да спиете повеќе.

Јарец

Го давате својот максимум на работен план, но понекогаш имате чувство дека поради другите секогаш го извлекувате „подобелиот крај“.

Меѓу вас и саканата личност постојат проблеми на кои не размислувавте досега.

Сменете ги лошите навики.

Водолија

Ве очекува опуштена атмосфера на работа. Денес нема да имате многу обврски.

Заинтересирани сте за несериозна врска. Засега, слободата ви е поважна од било што.

Можни се проблеми со зглобовите.  

Риби

Не сте задоволни од работните услови и сакате да ги смените.

Ви се допаѓа личност која е поврзана со странство. Ве очекуваат возбудливи промени.

Можни се проблеми со коските.