Дневен хороскоп за 17 февруари

Овните мораат да покажат компромис, Рибите ги очекуваат љубовни промени.

Прочитајте го хороскопот за 17 февруари.

Овен

Дојде време да ја покажете својата подготвеност за компромис. Вашиот цврст карактер може да ви донесе проблеми.

Денешниот ден е одличен за нови познанства и флерт без обврски.

Чувствителен ви е пределот околу вратот и рамената.

Бик

Ќе ви се укаже прилика за подобрување на финансиската состојба. Немојте да бидете брзолети.

Сигурноста во себе ви дава можност да избирате со кого сакате да бидете во врска.

Внимавајте на хормоните.

Близнаци

Од замор не можете да се посветите на работата. Би било најдобро да направите мал одмор.

Нема да започнете нова врска, иако многу го сакате тоа.

Можна е главоболка.

Рак

Иако вообичаено сте многу вредни, денеска сите обврски ќе ви паѓаат тешко.

Во љубовта сте нервозни и ви пречат сите ситници.

Ве следи несоница.

Лав

Ве очекува генерално добар ден. Задоволни сте со својата работа и немате потреба да менувате нешто.

Почнувате да покажувате интерес за личност од вашата блиска околина.

Потребно ви е да се опуштите.

Девица

Ако очекувате промени, можно е денеска да дојде до успех.

Љубовта е обострана, уживајте во неа.

Мали проблеми со грбот.

Вага

Потребна ви е помош од некој колега, но ќе бидете разочарани во однос на тоа.

Се чувствувате навредено поради недостаток на доверба на саканата личност во вас.

Мали проблеми со нервниот систем.

Шкорпија

Бидете подготвени за напорен ден и наоружајте се со трпение. Атмоферата ќе биде понапната од вообичаено.

Вашите големи очекувања создаваат тензија во врската. Пробајте да се контролирате.

Кожата ви е внимателна.

Стрелец

Денеска ќе ве следи среќа во остварување на целите кои ќе ги поставите. Добро искористете го денешниот ден.

Чувството на слобода во кое уживате ви е најважно сега.

Здравјето е добро.

Јарец

Сметате дека е добар момент да ја подобрите својата заработувачка. Можно е да го проширите капацитетот на својата работа.

Саканата личност минува низ проблеми кои постојано ја оптоваруваат. Покажете разбирање и поддршка.

Мал проблем со крвотокот.

Водолија

Можни се потешкотии при вработувањето, или прекин на работниот однос.

Вашиот партнер почнува да го покажува своето вистинско лице. Тоа не ви се допаѓа.

Склони сте кон алергии.

Риби

Во вашето окружување, настануваат проблеми кои не се ваша вина.

Во љубовта, ве очекуваат промени. Самите ќе се зачудите од некои свои одлуки.  

Зголемете го внесот на витамини.