Дневен хороскоп за 17 декември

Овните добиваат можности за нова работа, Лавовите имаат несогласувања со колегите.

Прочитајте го хороскопот за 17 декември.

Овен

Ве очекува комуникација која има огромна можност да ви донесе нова работа. Особено поволен ден за невработените Овни.

Не ви лесно да го прекинете односот со личност со која долго се гледате, но кон која немате посебни чувства.

Ве мачи главоболка.

Бик

Мотивацијата не ви е силна страна кога станува збор за работата. Многу сте мрзеливи.

Тешко ви е отворено да ги покажете своите чувства бидејќи се плашите дека другата личност не се чувствува како вас.

Ве мачи стрес.

Близнаци

Ве очекува успех во однос на новозапочната работа. Можете да очекувате помош од колегире.

Ви се допаѓа личност која ќе ви покаже дека не е рамнодушна кон вас. Наскоро ве очекуваат интересни случувања и промени.

Добро се чувствувате.

Рак

Ако сте имале несогласувања со шефовите, пред вас е фаза во која ќе се поправат таквите односи.

Ви се допаѓа личност родена во воздушен знак, ве очекува убав ден со неа.

Ве мачи вкочанетост.

Лав

Денес доаѓа до помали несогласувања на работа, но тие ќе се решат мошне брзо поради вашата харизматична страна.

Наскоро ќе предложите промени во врската. Пред вас е поволен период за љубов.

Направете крвна слика.

Девица

Ве очекуваат промени во однос на нови можности за работа и подобра заработувачка.

Ако сакате да го подобрите односот со саканата личност, потребно е да се прилагодите на нивните потреби и барања.

Посетете лекар.

Вага

Ви се нуди можност да почнете приватен бизнис кој на долг рок би можел да биде многу исплатлив.

Влегувате во досадна фаза со саканата личност и потребна ви е промена за да се чувствувате подобро.

Можни се респираторни инфекции.

Шкорпија

Очекувајте подобрување на финансиите низ работа која неодамна сте ја започнале.

Саканата личност покажува дека не знае да се однесува кон вас, но има и сомнежи во однос на љубовта.

Внимавајте на исхраната.

Стрелец

Поволен ден кога станува збор за работата. Сите работи течат одлично и задоволни сте.

Ве привлекува личност која на суптилен начин ви покажува колку и се допаѓате. Подгответе се за нови потези.

Можни се проблеми со хормоните.

Јарец

Постепено напредувате на хиерархистичките скалила и цврсто верувате дека ќе дојдете до врвот.

Благата дистанца меѓу вас и саканата личност може да се надмине ако на време реагирате на негативните околности.

Имунитетот ви е ослабен.

Водолија

Сметате дека имате противници и многу сте отсечни во комуникацијата со нив.

Ве очекува интересна средба со личност која е нова во вашиот живот. Ова е поволен ден за флерт и љубов.

Проблеми со крвниот притисок.

Риби

Ако се занимавате со приватен бизнис, можете да очекувате добра фаза за нови финансиски приливи.

Ситуацијата на полето на љубовта е мошне променлива, а вие само сакате стабилност.

Болка во градниот кош.