Дневен хороскоп за 11 aвгуст

Овните  се напнати, Биковите успешни во работата, Раковите во друштво на успешни луѓе, Шкорпиите мистериозни, а Јарците веруваат во себе.

Ова е хороскопот за 11 август.

Овен

Работа – Доколку сте од оние кои бараат работа, обрнете внимание на една понуда која ја добивте неодамна. Добро би било да ја прифатите.      

Љубов –Имате нагли промени во расположението. Размислувате за личност која ја познавате одамна.   

Здравје – Напнатост и стрес.              

Бик

Работа – Одлично владеете со работата и знаете кои ви се приоритетите. Имајте на ум дека многу нешта можат да се сменат за кратко време. Важно е да бидете отворени за тоа.          

Љубов – Критички сте расположени кон личноста која ви се допаѓа, па тоа создава големи проблеми.         

Здравје –Солидно.               

Близнаци

Работа –  Покажувате голема заинтересираност за некои аспекти од работата. Се занимавате со теми кои се важни и тоа е одлично.

Љубов –Имате одлична идеја како да стигнете до личноста која ви се допаѓа некое време. Не очекувајте помош од пријателите.  

Здравје – Пијте течности.       

Рак

Работа – Се дружите само со колегите кои се успешни.          

Љубов – Денеска имате можност да средите многу работи, но треба да бидете подготвени на отворен разговор.           

Здравје – Земајте повеќе витамини.       

Лав

Работа – Имате впечаток дека еден дел од своите обврски ви е завршен, но за многу работи не сте воопшто во право.  

Љубов – Не очајувајте доколку забележите дека партнерот не ве следи на патот кон успехот.   

Здравје – Не се напрегајте многу.   

Девица

Работа  - Работите умерено и сконцентрирано, па нема да ви се случат никакви пропусти. Покажувате поголем интерес за некои проекти, други пак воопшто не ве интересираат.  

Љубов –Ова поле ви оди одлично во последно време.

Здравје – Вежбајте.                 

Вага

Работа – Некои детали сте ги пропуштиле, а тоа не им се допаѓа на надредените. Не ви се допаѓа ни вам да бидете во позиција да треба да се објаснувате, но важно е отворено да се поставите кон проблемот.  

Љубов – Пред вас е голема одлука во однос на тоа што ќе правите понатаму.   

Здравје – Проблеми со грлото.           

Шкорпија

Работа – На работа ве третираат како чудак, но вам тоа не ве интересира. Мистериозни сте како и секогаш.            

Љубов – И на ова поле сте мистериозни и не сакате да зборувате отворено. Така се однесувате и кон најдобрите пријатели.

Здравје  - Нервозни сте.        

Стрелец                 

Работа – Се однесувате многу скромно во однос на тоа колку вредите.    

Љубов – На повидок е нова љубовна романса, доколку сте сами. Не се двоумете многу.                

Здравје – Болки во нозете.             

Јарец

Работа  -  Се чувствувате како да сте сами во работата и да немате поддршка од никого. Премногу сте самоуверени.     

Љубов -  Не ги игнорирајте ситните провокации на една Шкорпија. Пробајте да допрете до срцето на оваа личност.

Здравје – Лоша циркулација.           

Водолија

Работа   - Имате огромна слобода и не се жалите на работата. Морате да останете доследни на себеси и на своите приоритети.       

Љубов -  Се соочувате со поголем притисок од вообичаено. Не сакате да зборувате за теми кои не ви се допаѓаат. Премногу сте горделиви.       

Здравје – Стрес.        

Риби

Работа – Вашиот став во однос на работата е одличен. Другите ви завидуваат, но не знаат колку труд вложувате во тоа што моментално ви носи триумф.       

Љубов – Партнерот калкулира малку во љубовта и се труди да ве изманипулира.Чувствувате голем притисок.            

Здравје – Внимавајте на исхраната.