Овните и Девиците имаат одлична соработка, Биковите се поддржани од Раковите, Лавовите заработуваат одлично. Шкорпиите и Стрелците се самостојни, а Јарците бесни.  

Ова е хороскопот за 10 август.

Овен

Работа – Вие сметате дека сте успешни, но тоа не го мисли и една Девица која е дел од вашиот тим. Потребни се одредени корекции од ваша страна.     

Љубов –Пробувате да почнете некои работи на емоционален план, еден Јарец може да ве мотивира за тоа.  

Здравје – Помала нервоза.             

Бик

Работа – Доволно сте самостојни за сите работи кои треба да се завршат. Имате поддршка од еден Рак.         

Љубов – Не се откажувајте од личноста која ви е драга. Тоа можеби е некој Рак.        

Здравје –Солидно.               

Близнаци

Работа –  Не сте сами во своите активности, кои сакате да ги спроведете во текот на овој ден. Ако мислевте дека нема на кого да се потпрете, грешите.           

Љубов –Подтавувате силни темели на ова поле и не треба да се жалите за деталите кои не се совршени, бидејќи треба да одите чекор по чекор.

Здравје – Психата ви е нагласена.      

Рак

Работа – Вратете се на пропуштените детали и пробајте да ги завршите сите работи. Одалечени сте од проблемите, но морате да ги решите.         

Љубов – Го забележувате сопствениот страв, но имате доза на ентузијазам дека работите ќе се средат.          

Здравје – Опуштете се.      

Лав

Работа – Планот кој би можеле да го направите за следниот период, би можел да ви донесе зголемување на приходите. Искористете го овој ден за тоа.             

Љубов – Покажувате одличен став и сакате нешто повеќе од авантура овој пат. Ако сте заљубени во една Девица, ќе бидете помалку скептични.  

Здравје – Рекреирајте се.   

Девица

Работа  - Одлични сте во работата како и секогаш. Ве чека покачување на платата.

Љубов – Се враќате на некоја приказна од порано, но забележувате многу повеќе проблеми. Добро е да завршите една етапа од вашиот живот, без да се навраќате на старите рани.    

Здравје – Немате тегоби.                

Вага

Работа – Ве очекува напорен ден, но тој ќе ви донесе успех. Не се откажувајте од тоа што го правите моментално, ве очекува успех.

Љубов – Се појавувате во вистинско време и на вистинско место. Личност на која одамна и се допаѓате денес ќе биде поконкретна.  

Здравје – Тензија и стрес.          

Шкорпија

Работа – Се соочувате со проблеми, но ништо нема да направите ако продолжите да бидете горделиви.           

Љубов – Покажувате песимизам во љубовта. Преземете нешто.

Здравје  - Вежбајте.       

Стрелец                 

Работа – Се однесувате како индивидуалец во работата и не ги консултирате колегите. Потребно ви е да се привикнете.   

Љубов – Ова е малку изгубен ден во однос на љубовта. Партнерот се занимава со своите работи.               

Здравје – Намалете со алкохолот.            

Јарец

Работа  -  Не ви иде веќе некое време, но не сте спремни за промени. Потребно е време за акција.    

Љубов -  Сакате слобода во голема мера. Партнерот се плаши да не ве изгуби. Многу сте самостојни.   

Здравје – Главоболка.          

Водолија

Работа   - Намалена ви е ажурноста. Морате да се однесувате согласно на барањата од работата, а не своите потреби. Немојте да бидете бесни.      

Љубов -  Во вашиот живот постои личност во чие присуство се однесувате одлично.      

Здравје – Вежбајте.       

Риби

Работа – Ангажирани сте во голема мера, но сметате дека може и повеќе.      

Љубов – Мало затишје пред бура. Поминете го денот сами за да можете да размислите добро.            

Здравје – Болки во коските.