Дневен хороскоп за 09 декември

Овните се соочуваат со љубовни дилеми, Биковите ги очекува започнување на нова врска.

Прочитајте го хороскопот за 09 декември.

Овен

Ве очекува добар ден во кој конечно ќе можете да се одморите.

Ви се допаѓаат две различни личности и веќе подолго време се соочувате со дилемата кого да изберете.

Можни се респираторни инфекции.

Бик

Ве очекува можност за промена на работното место. Околностите во кои се наоѓате ви одат во прилог.

Ве очекува ново познанство кое би можело да доведе до сериозна врска.

Проблеми со стомакот.

Близнаци

Можете да очекувате поволен ден за остварување нови контакти кои ќе бидат важни за вашата работа, на долг рок.

Ви се допаѓа личност со која имате пријателски однос, но не сте подготвени да ја преминете таа граница.

Пад на имунитетот.

Рак

Ви следат важни случувања на полето на работата и важно ви е да имате чиста визија и јасна цел што сакате да постигнете.

Ве очекува интересна атмосфера за ново познанство. Полето на флертот ви е добро поставено.

Избегнувајте алкохол.

Лав

Ве очекува поволен ден за нови случувања и мали промени.

Една комуникативна личност на суптилен начин ќе ви покаже дека е заинтересирана за вас.

Полни сте со енергија.

Девица

Потребно ви е да се соберете и да донесете важни одлуки поврзани со работата.

Не сте задоволни и сакате нова љубов. Се чувствувате осамено веќе подолго време.

Ве мачи несоница.

Вага

Можете да се надевате на позитивни промени на полето на финансиите. Пред вас е добра шанса за заработка.

Ве очекува интересна комуникација со личност која ќе ви покаже дека има сериозни намери кон вас.

Можни се проблеми со циркулацијата.

Шкорпија

Важно е да бидете отворени и подготвени за компромис.

Не ве очекуваат промени на полето на љубовта. Емоциите не ви се приоритет.

Внимавајте на настинки.

Стрелец

Размислувате за долговите кои ве следат и поради тоа се чувствувате несигурно и незадоволно.

Емоциите ви се променливи и не сте сигурни дали сакате сериозна врска.

Можни се проблеми со штитната жлезда.

Јарец

Не сте сконцентирани на работата и подобро би било да земете слободен ден за да се одморите.

Ако сте повредени, нема лесно да простите. Пред вас е неповолен период со љубовни разочарувања.

Можна е вртоглавица.

Водолија

Имате многу идеи и креативни сте, па секогаш наоѓате начин да го подобрите својот професионален статус.

Сакате минливи врски и авантури,ништо сериозно.

Уморни сте.

Риби

Пред вас е поволен ден за анализа на тоа што го постигнувате во однос на работата.

Можете да очекувате комуникација со личност која ви била драга во минатото.

Би ви годела масажа.