Дневен хороскоп за 06 декември

Близнаците и Водолиите не сакаат сериозна врска, Лавовите се расположени за љубов.

Прочитајте го хороскопот за 06 декември.

Овен

Можни се недоразбирања во работното окружување, особено со вашите надредени.

Саканата личност се труди околу вас, но вие не сакате да и дадете доволно внимание.

Внимавајте на бубрезите.

Бик

Работите прекувремено. Имате многу обврски.

Запаѓате во монотонија во љубовта и сите работи ви стануваат досадни. Сакате промени.

Проверете ја крвната слика.

Близнаци

Иако ви изгледа дека работите одат добро, ќе се покаете кога ќе сфатите дека погрешно сте процениле.

Пред вас се нови, возбудливи авантури во кои ќе уживате. Не сте за сериозна врска во овој период.

Внимавајте на крвниот притисок.

Рак

Ако се занимавате со приватен бизнис, можно е работите да не одат според очекуваното.

Се сомневате во своите емоции и често се преиспитувате дали сте донеле погрешна одлука.

Можни се проблеми со стомакот.

Лав

Ве очекува професионално патување, каде ќе постигнете голем успех.

Ново познанство во вас буди желба за љубовни промени.

Внимавајте на синусите.

Девица

Доаѓате до помала заработувачка и не сте задоволни бидејќи очекувате повеќе пари.

Имате впечаток дека врската не ви е стабилна и лесно може да дојде до прекин.

Можни се проблеми со штитната жлезда.

Вага

Можен е пад на концентрацијата денес. Лесно ќе правите грешки кои подоцна не можат да се исправат.

Склони сте кон кавги со саканата личност и денешниот ден едноставно не е поволен за љубов.

Ве мачи вртоглавица.

Шкорпија

Имате идеи, но немате голема можност да ги реализирате.

Ви се допаѓа една страствена личност и наскоро ќе имате шанса да се зближите со неа.

Внимавајте на циркулацијата.

Стрелец

Не сте сигурни во своите одлуки и сега се предомислувате. Склони сте кон грешки.

Ве очекува опуштена комуникација со личноста која ви се допаѓа. Ако направите прв чекор, ќе дојде до врска.

Добро се чувствувате.

Јарец

Ве очекува напредок. Ќе бидете задоволни со новите околности и промени на полето на работата.

Иако ви делува дека партнерот се одалечува од вас, денеска ќе ви покаже дека сте му важни.

Забите се чувствителни.

Водолија

Се менуваат околностите во вашето окружување и сега се чувствувате несигурно. Можно е да ве очекуваат нови изненадувања.

Ви годи слободата која ја имате и не сте подготвени за сериозна врска.

Добро се чувствувате.

Риби

Можни се помали проблеми во комуникацијата со соработниите кои имаат нешто против вас. Окружувањето не ви е наклонето.

Имате конфликти со саканата личност и нема да ви биде лесно да се смирите.

Коските ви се чувствителни.