Биковите мразат промени, Јарците добиваат можност за работа во странство.

Прочитајте го хороскопот за 05 декември.

Овен

Имате повеќе обврски од планираното и тоа ве прави нервозни. Не сакате да работите под притисок.

На љубовта гледате како нешто што ви е потребно во животот. Имате чувство дека емоциите ви ги комплицираат работите.

Можен е пад на имунитетот.

Бик

Не реагирате добро на промените на работа и ве фаќа несигурност и нервоза. Пред вас е потежок ден во однос на работата.

Ве очекува поволна атмосфера кога станува збор за емоциите. Можете да се надевате на добри околности.

Добро се чувствувате.

Близнаци

Не би требало да имате поголеми проблеми, сите работи се одвиваат по својот тек и генерално сте задоволни.

Ако сте во брак, можно е да успеете да решите некои од проблемите кои ги имавте досега.

Внимавајте на варењето.

Рак

Ако имавте професионално патување, ве очекува голем успех. Пред вас е можност за остварување на сите желби и амбиции.

Ве очекува интересна комуникација со личнсот која суптилно се обидува да ви се приближи.

Добро се чувствувате.

Лав

Ве очекува финансиска добивка. Можете да се надевате на позитивни работни околности.

Сигурни сте во своите чувства и сакате да направите важни промени во однос на саканата личност.

Солидна состојба на овој план, без проблеми.

Девица

Ви годи побавно темпо бидејќи одморот ви е неопходен. Оптеретени сте со обврски.

Склони сте кон раздразливост, тоа може да доведе до несогласувања и проблеми.

Чувајте  ги бубрезите.

Вага

Можно е да не сте сигурни која одлука е исправна за вас.

Кога станува збор за емоциите, со саканата личност имате мали несогласувања но тоа ќе се надмине.

Ве мачи несоница.

Шкорпија

Ова е поволен ден за одлуки кои се важни за вас.

Пред вас е интересна средба со личност која ќе ви покаже интерес. Ве очекува можност за нова врска.

Без здравствени проблеми.

Стрелец

Пред вас е ден на промени кои ќе бидат корисни за вас на долг рок.

Можно е да се замерувате со саканата личност која ви делува дека не е сосема искрена кон вас.

Би ви годела масажа и опуштање.

Јарец

Ќе ви се покаже можност да соработувате со странство или ново работно место надвор од државата.

Ве очекуваат нови можности за љубов. Пред вас е одличен период за авантура и флерт.

Добро се чувствувате.

Водолија

Нема да бидете задоволни со резултатите бидејќи денес денот не е поволен за работа.

Ве очекуваат интересни случувања со личност родена во некој огнен знак.

Проверете го холестеролот.

Риби

Ве очекуваат промени врзани за финансиите. Можно е некои работи да не се одвиваат онака како што очекувате.

Уживате во својата слобода и се чувствувате добро кога сте сами. Ви годат промени за да се одалечите од проблемите.

Полни сте со енергија.