dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ осигура донација вредна 300.000 денари за Националната мрежа за семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“

Дрогериите на dm кои се познати по своите филантропски принципи на работа уште еднаш го потврдуваат приматот на општествено-одговорна компанија.

Трета година по ред, dm своите попусти по повод BlackFridayги менува со хуманитарна донација.

Така, изминатиот „BlackFriday“ кога сите решија да „трчаат“ по попусти, dmтрета година по ред реши, 5% од својот промет од сите дрогерии остварен на 26.11.2021 да го насочи во хуманитарни цели.

Со поддршка на своите купувачи, dmна 26 ноември оваа година осигура 300.000 денари, кои ќе бидат донирани на Националната мрежа за семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“!

Минатата година, со помош на своите купувачи и фанови, преку акцијата за BlackFriday, dmдонираше750 пакети со храна за социјално-загрозени сограѓани, а во 2019, кога за прв пат се организираше оваа акција беавложени300.000 денари во обнова на медицинските апарати во Клиничкиот центар во Штип.

Ја поздравуваме оваа хуманитарна активност и се надеваме дека и во иднина ќе бидеме сведоци на што повеќе вакви општествено-одговорни иницијативи.