ДКСК ќе го „прочешла“ новодонесениот Закон за легализација на дивоградби

Државната комисија за спречување на корупцијата планира да поднесе иницијатива до Уставниот суд за новодонесениот Закон за легализација на дивоградбите.

„Ако Законот за легализација на дивоградбите стапи во сила, тогаш можеме да ставиме крст на сите други закони, затоа сме на мислење да поднесеме иницијатива до Уставниот суд, па тие судии нека ценат“,вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во изјава за МКД.мк.