ДКСК: Чулев постапувал според законот, пријавата на Петровска е одбиена

Државната комисија за спречување на корупцијата ја прифати пријавата на Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, а ја одби пријавата на дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Пријавата на Ќулев се однесува на одлуката на Владата за поништување на решенијата за распоредување. Пријавата на Петровска, пак, се однесуваше за наводни незаконитости и коруптивни дејства во постапка за објавување и избор на кандидати по интерни огласи во МВР, а наводно сторени од министерот Чулев.

ДКСК за пријавата на Чулев вели дека со донесувањето на одлуката на Владата за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување на наредби и задачи со која е поништено и решението со кое се именува началник на сектор за внатрешни работи Тетово, ја прекршила забраната утврдена во чл. 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик и во членот 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Спорната одлука на Владата била донесена на 18 февруари, два дена по донесување на решението за распишување на предвремените избори за пратеници од страна на претседателот на Собранието, односно истата била донесена за времетраење на изборниот процес, кога важат забраните утврдени во чл. 8-а ст. 1 алинеја од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Во однос на пријавата од дополнителниот заменик министер, Славјанка Петровска ДКСК донесе одлука со која постапката по конкретниот се запира. Во образложението на одлуката ДКСК утврди дека во предметниот случај не се направени никакви прекршувања на законските и подзаконските акти и какви било коруптивни дејствија, дека во предметниот случај е променета фактичката состојба, односно од страна на Владата биле донесени одлуки за поништување на решенија за распоредување на работно место и наредби за извршување на работи и задачи, со кои биле поништени повеќе решенија донесени од министерот за внатрешни работи, потпишани само од него во периодот од 6 до 17 февруари и дека во конкретниот случај станува збор за прашање поврзано со надлежно постапување на друг надлежен државен орган, односно се работи за несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик во кој случај согласно одредбите на Законот за Владата должна е да постапи државната изборна комисија.      

„Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев донесувањето на решенијата за распоредување и наредби за извршување на работи и задачи во изминатиот период го правел согласно Законот за Влада, одредбите регулирани во делот на техничката Влада, Законот за внатрешни работи, Колективниот договор и Законот за организација и работа на органите на државната управа како и сите релевантни подзаконски акти“, се вели во одлуката на ДКСК.