DJ Osunlade овој петок во Сектор

Одличната летна сезона на Сектор 909 продолжува овој петок со гостувањето на можеби најспиритуалната личност во светот на хаус музиката, DJ Osunlade.

Овој петок, со почеток во 23.30 часот во Сектор 909, во организација на Izlet Music, Music Incubator, Balance, Sektor 909, а поддржано од Neuland, ќе гостува легендата на хаус музиката, DJ Osunlade.

DJ Osunlade е роден и израснат во St.Louis Missouri, Америка, родното место на голем број пионери во светот на блузот и џезот. Osunlade уште на седум годишна возраст започнува да свири пијано, а веќе на дванаесет години почнува да покажува особен интерес кон создавањето на музика. За музиката која ја создава Osunlade, светски реномираните музички критичари велат дека е унифицирана мелодија која се манифестира преку балансот, човечкиот живот и мудроста на постоењето. Во неговата скоро 30 годишна кариера тој има издадено повеќе од 20 албуми, одржано безброј настапи и многу ремикси.