
Од ноќеска на полноќ, цената на дизел горивото ќе се зголеми за два денари по литар, додека бензините остануваат со непроменета цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Според најновата одлука на РКЕ, која стапува во сила на 16 мај 2025 година од 00:01 часот, новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95: 73,50 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 75,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,50 денари/литар (зголемување од 2 денари)
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 65,00 денари/литар
Мазут М-1 НС: 36,529 денари/килограм (зголемување од 1,079 денари/кг)
Од РКЕ информираат дека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и на екстра лесното масло за домаќинство, остануваат непроменети.