Дизелот ќе се точи по пониска цена од полноќ

Oд вечерва на полноќ, се намалува цената на дизелот, додека цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Цената на дизелот се намалува за 2 денари, и ќе чини 99,5 денари по литар.

Цените не бензините не се менуваат, односно остануваат 87,5 денари за литар БС-95 и 90 денари за литар БС-98.