Дивите депонии се проширија кон Орман и Волково

Се формира нова дива депонија на територијата на општина Ѓорче Петров. Загрижен граѓанин снимил видео како на локација во близина на селото Орман секој ден се истураат тони ѓубре и градежен шут и дека истата е два пати поголема од онаа во Ново Село.

– И покрај барањата до градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски да преземе сериозни мерки и да ја прекине еколошката катастрофа во Ѓорче Петров, ништо не е преземено на депонијата секој ден се истураат со тони губриште и шут. Бараме, Владата на Република Македонија и инспекторатот за животна средина да преземат мерки бидејки општинската администрација и градоначалникот не преземаат ништо. Еколошката катастрофа во Орман треба веднаш да престане, затоа што утре ќе биде доцна – реагираат загрижени граѓани.

Пред 15-тина дена општината исчисти дел од оваа огромна депонија, ама огромен дел остана.Грашаните велат дека овие луѓе не ги плаши вирусот и неказнето се шетаат и исфрлаат отпад.

– Јасно е дека личниот интерес е пред општествениот, ова е недозволиво и бараме итно да се казнат сторителите и да се престане со уништување на природата во Ѓорче Петров – реагираат тие.

Некои посочуваат дека купишта ѓубре има и покрај пругата од Кисела Јабука до Волково. (извор-Вечер)