Дивата депонија во Ново Село повторно се полни со отпад

По застојот поради пандемијата од коронавирусот, Град Скопје во соработка со Oпштина Ѓорче Петров повторно почнаа со расчистување на дивата депонија во Ново Село.

– Оваа стара децениска дива депонија покрај реката Лепенец во општина Ѓорче Петров, на почетокот на оваа година беше расчистена од Град Скопје, но поради ситуацијата со коронавирусот беа запрени натамошните активности за облагодарување на овој простор, а изминатиов период повторно беше наполнета со отпад. Екипи на Град Скопје деновиве на терен со механизација повторно го расчистуваат просторот, а овие активности ќе продолжат и во наредниот период -, соопштија од Град Скопје.

Од таму најавија дека инспекторите и комуналните редари ќе продолжат со контролите на терен.