Дива депонија крај реката Лепенец во Ѓорче Петров има големина колку 15 фудбалски игралишта

Оваа стара дива депонија крај реката Лепенец во општина Ѓорче Петров има големина колку 15 фудбалски игралишта.

Град Скопје денес започна со расчистување на оваа депонија, а со враќањето на Дрисла под градот се дава можност просторот кај депонијата да биде зазеленет и отворен за користење.