Див паркинг позади Собранието (фото)

Просторот позади зградата на македонскиот Парламент е претворен во див паркинг на очиглед на собраниското обезбедување. Владее хаос од автомобили паркирани на тротоарот и во два реда на коловозот улицата „Даме Груев”.

Пешаците се присилени да се движат по коловозот изложувајќи се на опасност да бидат прегазени. Тие се револтирани од ваквото дивеење и велат дека „пајакот” штом поминува и се прави дека не ја забележува ваквата состојба, веројатно паркираните автомобили се на некои од македонските народни избраници.

За да биде иронијата поголема, од спротива на овој див паркинг покрај улицата „Даме Груев” има јавен паркинг на кој има многу слободни паркинг места, ама таму паркирањето се плаќа.

Фото: Д.Митрески/Вечер