Диско у Диско и овој петок во Сектор

Диско У Диско after на големиот подиум со Dj - set на Herzel и Ulterior.

Intermission е концепт на танцов перформанс кој се базира на импровизација, енергија и корелација со музика во еден простор. Група на танчари кој ќе создадат поинаква атмосфера во простор кој ќе биде сцена сам по себе и ќе ја пренесат на секој еден кој ќе биде таму. Звукот на електронската музика која амбиентално ќе градира, ќе биде последното делче од целосниот склоп на елементи кој ќе го направат овој танцов перформанс целосен аудиовизуелни акт.

Членовите на оваа неформална танцова група се дипломирани кореографи и танчери по современ танц со долгогодишно искуство и работа како во Македонија така и надвор од неа. Adrijana Dancevska, Aleksandra Petrusevska, Anastasija Dancevska, Dejan Bitrovski и Valentino Apostolovski се луѓето кои што ќе ја презентираат својата работа пред публиката.

Тие сакаат да ја донесат оваа гранка од културата што поблиску до секој еден и да ја развиваат сцената во Македонија.