Понекогаш, најбрзиот начин да се смириме не е преку мислите, туку преку сетилата.

Photo by Alex P
А мирисот е едно од најмоќните сетила што ги имаме. Тој директно не поврзува со спомени, емоции и чувства на безбедност. Токму затоа постои едноставна техника на дишење што не се фокусира само на здивот, туку на мирисот што го вдишуваме.
Photo by Mareefe
Како се практикува?
Земете нешто со пријатен природен мирис – на пример: босилек, лаванда, кора од лимон, зрно кафе или парче дрво.
Држете го блиску до носот, но не премногу блиску, само доволно да го почувствувате мирисот.
Вдишете полека низ носот (4–5 секунди), фокусирајќи се само на мирисот – забележете како се менува, дали е остар, топол, сладок.
Задржете го здивот кратко (2 секунди), уживајќи во аромата.
Издишете полека низ уста (6–7 секунди), замислувајќи дека со секој издишување испуштате тежина.
Повторете неколку пати – доволни се 1 до 3 минути за смирување.
Зошто ова помага?
Научно е докажано дека мирисот директно влијае на делови од мозокот поврзани со емоциите и спомените. Кога внимателно го следиме мирисот додека дишеме, се активира делот од нервниот систем кој не смирува, наместо оној што нè става во стрес. Ова значи дека само преку еден мирис можеме да се вратиме во моментот, да се заземјиме и да се чувствуваме побезбедно.
Совет: Оваа техника е одлична за утринско будење, пред спиење или секогаш кога се чувствувате анксиозно. Понекогаш, токму малите нешта, како мирисот на босилек или ванила, можат да ни го променат целото расположение.