Дисциплинската комисија при ФФМ го казни ФК Вардар

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, донесене одлука да го казни ФК Вардар поради навредливо скандирање од страна на навивачката група на тимот и користење на недозволени приотехнички средства.

„Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра, одлучи Комисијата на ФФМ.

Дисциплинската комисија констатира дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот.

Дисциплинската комисија отвори постапка и против делегатот на натпреварот ФК ШКЕНДИЈА Арачиново – ФК ПРЕСПА поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со организацијата и текот на натпреварот, односно присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот.

Дисциплинската комисија ќе постапува согласно важечките прописи и по целосно утврдување на фактичката состојба ќе донесе соодветна одлука.