Дисциплинска одговорност за вработен во МВР и член на Советот на Арачиново

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х. вработен како помлад советник во Одделението за управни работи Скопје при МВР заради констатирана повреда на член 168 од ЗВР и постапување спротивно на внатрешните акти на Одделението за граѓански работи со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

Ф.Х. бил избран за член на Советот на општина Арачиново. Во МВР бил вработен каде што ги остварувал правата од работниот однос, а, пак, со ангажманот како општински советник констатирано е дека тој сѐ уште ја претставувал партијата за која бил избран на локалните избори.

„Истовремено во врска со овој случај задолжен е Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси да ги разгледа законските прописи што ја регулираат оваа материја и да преземат активности во однос на ваквото постапување на работникот, посебно со платата и надоместоците од плата, соопшти МВР. 

izvor-mkd.mk