Директорот на ЗОО приведен поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски попладнево бил приведен во Секторот за економски криминал поради објава на неговиот профил на Фејсбук. 

Од Секторот за внатрешни работи Скопје ја потврдуваат оваа информација. Од таму велат дека денес Единицата за Економски и компјутерски Криминал постапувајќи по Допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ, следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави се недолична содржина односно со објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност.

Од страна на ЕЕКК е постапено по објавата при што превземени се соодветни мерки и активности и направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикано е на разговор лицето Ѓ.Г. кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател, се вели во информацијата од Секторот за внатрешни работи Скопје.