Директорот на Токсикологија: Дали покрај маските, везирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана?

Директорот на Клиниката за токсикологија, д-р. Нико Беќаровски со пост на Фејсбук реагираше за нападот што се случи врз негов колега од страна на 32-годишен татко, бидејќи докторот ги препратил на Педијатрија каде имало дежурен лекар.

Директорот Беќаровски прашува дали ќе мора да носат оружје за самоодбрана.

-Попладнево повторно ФИЗИЧКИ нападнат и ПОВРЕДЕН доктор на своето работно место. Дали покрај маските, везирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана??? Док Холидеј бил во право што стетоскопот, го заменил со револвер, пишува д-р. Беќаровски.

Инаку, нападнатиот лекар се здобил со посекотини на лицето и хематом. Бил хоспитилизиран, а по укажаната помош пуштен е на домашно лекување.