Во ексклузивниот разговор за „Нова Македонија“, директорот на ски-центарот „Ворас“ открива нови детали околу акцијата за пронаоѓање на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски.

Според Танос Панајотопулос, клучно за акцијата за спасување било времето меѓу 11.30 и 13.30 часот, кога македонските планинари сами ги барале своите исчезнати колеги.

Исто така, тој истакнува дека грчките спасувачи немале информација дека планинарите се изгубени уште во 11.30 часот и дека оваа, за него, исклучително важна и пресудна информација ја добиле дури во 16.30 часот, со што што акцијата за спасување би имала сосема поинаков тек.

-Официјално, од страна на пожарникарната полиција во 15 ч., а од наша во 13.30 часот. Мислам дека децата починале ноќта. Така мислам бидејќи, за да се фати сигнал во 18.30 часот ноќта (од телефонот на Александар н.з.), значи дека уште бил жив. Можеби и Александар и Калина. Можам да кажам дека подоцна починале. Жалам што повторувам, но, ако ги имавме тие два часа, можеби ќе беа живи, вели директорот на ски-центарот „Ворас“ .