Директорот на ЈСП Скопје, Илиевски, поднесе оставка

Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски си поднесе оставка од функцијата, дознава и пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Илиевски кој е на функцијата в.д. директор само 5 месеци вчера ја доставил својата оставка до градоначалничката Данела Арсовска. 

ЈСП „Скопје“ е во лоша финансиска состојба и долгови со години. Редовно години наназад добива субвенции од Град Скопје за тековно работење, па дури и за да може да се исплатат плати на вработените.