Директорот на ЈСП, Илиевски, бара помош од Владата откако поскапе цената на метанот

Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски бара Владата да им даде помош, откако вчера цената на метанот поскапе од 50 на 110 денари. Тој вели дека со ваквата нова цена трошоците ќе се зголемат двојно, што драстично ќе се одрази на работењето со оглед на тоа дека претпријатието е во лоша финансиска состојба.

„На метан возат 33 нови автобуси на МАН. Лани за нив горивото чинеше околу 1 милион евра, со новата цена ќе требаат 2 милиона евра. Затоа бараме да ни помогне Владата, а Регулаторна комисија да ја замрзне цената на метанот“, вели Илиевски за порталот СДК. 

Тој вели дека ако не се исполнат барањата и ако не може ниту Град Скопје да даде дополнителни субвенции, тогаш како последна опција е да се редуцира возниот ред, односно да се задржи зимскиот возен ред.

„Билетот во никој случај нема да поскапи“, додава Илиевски. 

Извор: СДК