Директорот на Државниот архив на работа оди со велосипед, средствата за бензин ги пренаменил за дигатилизација

Директорот на државниот архив на Република Македонија, Емил Крстевски секојдневно оди на работа со велосипед. Средствата кои била наменети за бензин и одржување на возилото тој ги пренаменил за дигитализација на Државниот архив што е приоритет на оваа институција. Оваа вест денес на социјалните мрежи ја сподели Бојан Петровски, Претседател на младината на ДОМ.

Емил е еден од ретките примери кој треба и другите функционери да го следат. Тој доби илјадници позитивни реакции и коментари на социјалните мрежи, а неговата „храброст“ е причина тој да биде нашиот херој за денес. Like за Емил за поубаво и почисто Скопје.