Директори на две основни училишта се степаа во ноќен клуб

На интернет се појави видео снимка од тепачка меѓу двајца директори на основни училишта во ноќен клуб во Кавадарци.

Возрасните мажи се степаа, по што присутните мораше да интервенираат и да ги разделат, а потоа била повикана полиција која ги привела поради нарушување на јавниот ред и мир.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави разрешување на двете лица од нивните функции в понеделник.