Директори, банкари, адвокати и менаџер - кој се купувал дрога од криминалната група?

Министерството за внатрешни информираше дека вчера страна на Бирото за Јавна Безбедност - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции при МВР, а во тесна координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во организирање на набавка на наркотична дрога - кокаин, и нејзина дистирибуција и продажба на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата.

Имено, обемната криминалистичка истрага се спроведуваше изминативе три месеци а целта беше сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која беше идентификувана како организирана криминална група со дефинирана строга хиерархиска поставеност, која се занимава со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.

Исто така, за криминалната група беше утврдено дека во текот на своето делувување вршела коруптивни дејствија заради добивање податоци за мерките кои ги презема МВР кон членовите на ОКГ, како и за добивање корисни информации за конкретни судски постапки кои се водат против нив.

Преку продажбата на кокаин, овие лица се стекнале со големи износи на парични средства, кои ги инвестирале во купување на луксузни моторни возила, станови и изградба на куќи.

За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица. Во контекст на ова, а во рамки на истрагата претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за сторено кривично дело -  “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 ст.1 и „овозможување на употреба на наркотични дроги“ по чл.216 ст.1од КЗ на РСМ.