Директор на средно училиште откако доби „мерцедес“ од казино го изгуби директорското место

Цветан Неловски, директорот на средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија откако доби „мерцедес“ А класа од казиното Сенатор беше приморан да даде оставка од директорското место. Неловски ја поднесе оставката до градоначалникот на општина Гевгелија од „лични причини“. Разрешување на директорот Цветан Неловски побара јавноста во Гевгелија пред два дена кога беше објавено, со фотографии од казиното „Сенатор“ во Гевгелија, дека тој е добитник на награда – автомобил, јавија локалните медиуми. Меѓу тројцата добитници на награди „Мерцедес гранде џекпот“ е Нелоски кој освои автомобил „мерцедес“ А класа.

По тој повод беа објавени и фотографии од директорот Нелоски во казиното Сенатор како ја прославува наградата. Ова предизвика бурни реакции меѓу гевгеличани за тоа „каков пример остава директорот на помладите генерации, учениците со своето однесување и посета на казина“. Веднаш беше побарана негова оставка од морални причини. Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска претпладне депонира оставка од функцијата директор до градоначалникот на Општина Гевгелија. Како повод за оставката наведува дека е од „лични причини“.

Тоа денеска на седница на Совет на општина Гевгелија го изнесе пред советниците градоначалникот Сашо Поцков пред разгледувањето на материјалите кои се однесуваат на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, а се со потпис на Неловски. Се разгледуваа извештајот за работа на средношколскиот училишен центар, финансивиот извештај за 2019 и програмата за работа за 2020 година. Без дискусија и без забелешки материјалите добија согласност од советниците.

Разрешување на директорот Цветан Неловски побара јавноста во Гевгелија пред два дена кога излезе информација со фотографии од казино „Сенатор“ Гевгелија дека тој е добитник на награда – автомобил. Имено, меѓу тројцата добитници на награди „Мерцедес Гранде Џекпот“ е Нелоски, актуелен директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, кој освоил автомобил „Мерцедес А класа“. Заедно со резултатите за наградата и бројот на добитничкиот талон постирани се и фотографии од посета на директорот Нелоски на казино Сенатор, а таму сигурно не се одвивала образовна презентација, или образовен квиз на знаење, освен игри на среќа за која дејност е регистрирано казино „Сенатор“.

Nike shoes | Best Selling Running Shoes