Директор на детска градинка во Штип ќе одговара кривично - буџетот на општината и градинката оштетен за над 7.7 милиони денари

Директор на детска градинка во Штип доби кривична пријава затоа што го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари.

Од МВР информираат дека СВР Штип поднело кривична пријава против М.И.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како в.д. директор на Општинска јавна установа - детска градинка во Штип, во периодот од 12.09.2023 до 11.05.2026 без спроведување на постапка за јавни набавки во повеќе наврати од 47 посебни правни лица добавувачи извршил набавки со фиктивни фактури без испратница и приемница за установата во вкупен износ од 7.747.515 денари.