Директно се загрозило здравјето на гостиварци - МВР откри дека се поставиле пумпи во отпадни води

Откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба, се огласија од тетовската полиција по труењето со вода во Гостивар. 

Според СВР Тетово, сомневањата се Јавното претпријатие „Водовод“ во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се внесувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот со вода за пиење.

Од МВР велат дека вчера по насока на јавен обвинител во селото Вруток постапиле, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар.

- Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик, информираа од МВР.