Директниот Плутон носи среќа за три хороскопски знаци

Директниот Плутон настапува на 6 октомври и ни носи силна интуиција и силна енергија која ќе се задржи некое време во нашите животи. 

За време на неговото ретроградно движење, учевме важни лекции на тежок начин и затоа пред нас е поволен период отколку оној во текот на изминатите шест месеци. Кога Плутон се движи директно, нашата темна страна излегува на виделина. Иако тоа не звучи воопшто позитивно, она што всушност ни носи овој транзит е ослободување од негативните емоции.

Како овој аспект влијае на љубовта?

На полето на романсата, доаѓа до игра на сè или ништо -  или ќе го унапредиме односот со саканата личност или ќе пронајдеме вистинска љубов. Се носат одлуки, но рационални. 

Но, најголем благослов доаѓа за три знаци.

Вага

Директниот Плутон носи емоционално исцелување. Можно е да сте имале некакви проблеми со саканата личност, но сето тоа се враќа во нормала. Ако во последно време не сакавте да се соочувате со проблемите, со енергијата на директниот Плутон ќе имате можност отворено да кажете што имате на ум. Тоа е најважниот чекор кој ќе го преземете бидејќи така се решаваат стари проблеми и ќе се обнови довербата.

Шкорпија

Шкорпиите ќе се чувствуваат добро во своја кожа. Овој директен Плутон носи силна самодоверба, така што ќе избирате најдобри начини за да ги исполните своите љубовни желби. Ова е сезона на исцелување и многу работи ќе зависат од тоа како ги комуницирате своите мисли и чувства. Ќе успеете да изградите добар однос, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Љубезност, нежност и искреност е она што се цени во љубовта, а вие на драго срце ќе се посветите на тоа.

Стрелец

Вистината е важна за вас, а овој транзит носи подобрена комуникација за претставниците на вашиот знак. Во текот на изминатите месеци се плашевте од љубовта, од страв од загуби и разочарување, но сега ќе го отворите своето срце кон нови искуства. Бидете горди на себеси.