Директен судир меѓу две возила во Скопје: Маж со тешки повреди однесен во болница

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 11:23 часот на улицата „Перо Наков“ во Скопје.

Како што информираат од МВР, дошло до судир  помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот З.З. од Скопје и патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Ј.К.  од Скопје. 

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Ј.К., кој бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.  

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.