Директен Сатурн на 29 септември: Време е конечно да ги научиме лекциите од искуствата со кои се соочивме изминатите 2 години

Сатурн го започнува своето директно патување на 29 септември, па така сите ќе можеме да здивнеме и конечно да тргнеме напред. 

Во изминатиот период додека Сатурн беше ретрограден, успеавме да научиме многу за себеси, а таму каде што сме сега не е истото место каде бевме пред неколку години. 

Што им носи овој Сатурн на хороскопските знаци?

Овен 

Сатурн ве става во позиција на сè или ништо. Ако работевте изминатиот период на тоа да си ја вратите силата и страста која ја имате во себе, честитки! Време е конечно да го постигнете тоа. Овој Сатурн ви носи успех во кариерата, каде ќе можете да продолжите напред со огромна брзина, но без блокадите со кои се соочувавте изминатиот период. 

Бик

Овој Сатурн ве носи во една нова фаза, каде ќе бидете фокусирани на статусот и достигнувањата. Ги анализирате своите успеси и неуспеси, но добро е дека ова е период кога учите од нив. Подгответе се за еден период кој ви носи убава позитивна енергија.

Близнаци

Близнаците  поминаа низ еден од најтешките транзити во изминатите 3 години, па сега конечно е време да ви падне товарот од вашите рамења. Ќе почувствувате силна доза на позитивна енергија. Искористете го тоа што го научивте и сетете се дека не сте истата личност која бевте во 2017. Патот беше тежок, но дефинитивно вредеше!

Рак

Директниот Сатурн за вас значи дека конечно ќе можете да ја видите вистината зад вашите врски. Веќе не ви се потребни личности кои ќе ви помогнат да се чувствувате добро, туку сфаќате дека таквата моќ и одговорност лежи во вас, а вам ви е потребен партнер кој може и сака да се носи со вас. Добивате силна самодоверба и ќе си дозволите себеси да блескате и да ги освојувате другите полесно од било кога. Не го кријте својот сјај од другите, покажете им што имате.

Лав

Во изминатиот период се соочивте со многу предизвици, па Сатурн ве научи да бидете одговорни и трпеливи. Научивте дека и покрај предизвиците, ако дадете сè себе, успехот ќе дојде до вас. Конечно се враќа во вас вашата огнена енергија и можете конечно да се радувате на победите.

Девица

Не сте во иста романтична ситуација како што бевте пред 2.5 години. Сатурн можеби го преврти вашиот свет наопаку, но донесе и голема лекција за вас. За оние кои не се во вска, доаѓа промена во вашите кругови. Ќе ги научите своите лекции и ќе ја направите важната промена која ви е потребна за да продолжите напред. 

Вага

Ретроградниот Сатурн во текот на изминатите 2.5 години беше еден од најтешките транзити за вас, па така за вас сега е време да ги научите лекциите од емоционалните искуства. Сепак, можно е да се навратите и на некои болни спомени со кои ќе морате да расчистите пред да продолжите напред. Вашиот идентитет е сменет и се чувствувате позрело и поинспирирано.  Сатурн ќе ви покаже што умеете и колку независни сте.

Шкорпија

Ова е тежок транзит за вас, бидејќи ви носи емоционални рани во домот, но и во вашите пријателства. Ретроградниот Сатурн ве научи како да комуницирате со другите, па сега треба да сте само трпеливи и да слушате. Не дозволувајте да бидете импулсивни бидејќи тоа нема да ви донесе ништо добро. Имате голема храброст во себе, особено на работното место. Со директниот од на оваа планета, конечно ќе ги спознаете своите силни страни, како да ги артикулирате своите мисли и како да се справите со тешките ситуации во вашиот живот.

Стрелец

Се соочивте со големи предизвици во однос на вашиот идентитет и научивте што значи да се биде независен. Се прифаќате себеси онакви какви што сте и си простувате себеси за своите грешки. Директниот Сатурн ќе ви донесе менување на вашите ставови и морални вредности, но и посилен оптимизам за периодот кој доаѓа.

Јарец

Кој сум јас /  ова е прашање кое го поставувавте себеси во многу наврати во овој транзит. Ретроградниот Сатурн ве стави во многу различни ситуации каде се боревте да ја задржите својата стабилност. Но, научивте да бидете борец, а сега на периодот пред вас гледате со појасен поглед и насмевка. 

Водолија

Со директниот Сатурн, ќе почувствувате дека е време да се соочите со својата потсвест. Ова е период кога ќе бидете интелектуално стимулирани, ќе посакате да се поврзете со другите и ќе го откриете својот внатрешен глас. Сатурн ве научи како да растете, созреете и да се ослободите од минатото, но и како да им помогнете на другите. 

Риби

Конечно се ослободувате од притисокот, па ќе се почувствувате како голем товар да се симнат од вашите рамења. Можно е да прекинавте важно пријателство во изминатите години, но создадовте нови и можете силно да продолжите напред. Овој пат не беше лесен за вас, но научивте како да бидете независни и да верувате во себеси.