Дипломатски турнир во тенис

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатскиот клуб, денеска по 22-ри пат ќе биде одржан Дипломатски турнир во тенис, што традиционално се одржува по повод државниот празник „11 Октомври“.

Оваа година, турнирот ќе биде организиран со поддршка на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во чест на одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Француската Република и Република Македонија.

На турнирот ќе земат учество претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во Република Македонија, претставници на меѓународните организации, како и вработените во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.