
МЗТ Скопје Аеродром дојде до својата 12 шампионска титула откако во финалето со 3:1 во серијата триумфираше против ТФТ.
Силното крило на МЗТ Скопје Аеродром, Дион Едвин имаше најконстантни игри, и најголем број на индексни поени на оние четири натпревари од финалната серија во Првата македонска кошаркарска лига.
Кошаркарот од Девствените острови иако имаше конкуренција во неколку свои соиграчи, стигна до признанието за најкорисен играч во финалната серија на плеј-офот.
Едвин имаше најголем број на индексни поени во текот на финалето против ТФТ.
На три од нив, имаше и тоа каков придонес во конечниот исход, со тоа и од финалето на плеј-офот по кое неговиот клуб ја освои и 12. шампионска титула во својата историја.