Дино паркот отворен за посетителите

Долгоочекуваниот Дино Парк во Скопската Зоолошка градина од денеска е отворена за посетителите.

Паркот се состои од 41 диносаурус, дел од нив со синхронизирани движења, а испуштаат и звуци. 

Просторот е со големина од 2.000 метри квадрати, а дополнително е збогатен со 430 високостеблести и нискостеблести растенија.

Влезот во паркот е од страна на Градскиот парк, односно старио влез на Зоолошката. 

Влезницата ќе чини 50 денари, а истиот ќе биде отворен за посетители од 9 до 21 часот. 

Галеријата од Дино Парк погледнете ја тука