Од неодамна скопјани добија ново атрактивно место. Необично и најголемо на Балканот. Во склоп на Зоолошката градина е отворен Дино парк, кој го сочинуваат 41 диносаурус.
Откако е отворен, паркот е полн со посетители. И најмали и постари.
Тој веднаш по отворањето стана место на кое граѓаните ја покажуваат својата несовесност и некултура. Некои се обидуваат да им извлечат заб, да откорнат малку земја од „вулканот“ кој е поставен таму, а за подобра фотографија се качуваат и ги јаваат диносаурусите.
Пред самото отворање, беа посадени дрвја за да го раззеленат просторот, но истите се изгазени во обид луѓето да се приближат што е можно поблиски до диносаурусите.
На социјалните мрежи деновиве кружат фотографии каде деца уринираат на грмушките во паркот.
Корпи за отпадоци има на секој чекор и редовно се празнат, но сепак посетителите фрлаат каде што ќе стигнат.
Дали се потребни казни за несовесните посетители за да се заштити паркот?