Дино Мерлин ја посети скопската Зоолошка градина

Откако вчера и официјално беше објавено дека Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани на новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“, босанскиот пејач во текот на вчерашниот ден ја посетил и скопската Зоолошка градина. 

 Како што информираа од Зоо-Скопје, тој се дружел со посетителите, а најмногу време поминал со најмалите обожаватели.